Мицкоски: Гоце Делчев е државата Македонија, тоа не е предмет на преговори (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ за револуционерот Гоце Делчев се изјасни дека е темелот на државата Македонија и за тоа нема преговори.



„Не можам да разберам да разговараме и да преговараме што бил Гоце Делчев. И не можам да го разберам претседателот на нашата држава, кој што вели дека Гоце Делчев бил Бугарин. Ние државата ја темелиме на тоа име. Тоа не е за разговори. Тоа не е предмет на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија. Тоа е исто како да им кажете на Турците што бил Кемал Ататурк. Тоа се работи за кои што не се разговара. Оваа држава постои за тоа име, сме го избрале како народ тоа име и сме ја формирале оваа држава. И нема што јас да се убедувам. Тоа е мојата црвена линија. Немаме што да разговараме за тоа. Сме ја создале оваа држава на тоа име. Кој е тој што ќе ме убеди дека Гоце Делчев бил нешто друго од Македонец? Ние сме го избрале тоа име, тоа име ни е во химната“, изјави лидерот на македонската опозиција

Изјавата е 1:04 ч. по почетокот од видеото:

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/824610468030293/