Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека Заев се однесува како подвоена личност.
“Додека го продава идентитетот, се откажува од антифашистичката борба и преговара за придавката македонски, глуми лажен патриот и зборува за црвени линии.
Се колнеше во најмилото и подоцна се откажа од Македонија.
Кога ја рецитира стихотворбата за жицата, знаеме дека лаже, а Македонија бележи загуби. Погледнете како изгледа човек кој се однесува како подвоена личност, тоа е човек од кој не може да се очекува иднина”, порачува Мицкоски кој со слоганот” Оставка на Заев, слобода на народот”, ги повика граѓаните на нов антивладин протест вечерва во 20 часот пред владата.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1744520889056696&id=829371753904952&sfnsn=scwspmo






