Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид го оцени премиерот Ковачевски како лице кое што како премиер не носи одлуки во владата која што ја води.
Според Мицкоски Ковачевски се однесува како домазет во владата на чие чело е номинално.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски носи одлуки само за своите бизниси додека за сите други владини работи одлуките го носат други луѓе, најверојатно Мицкоски мисли на Артан Груби и Али Ахмети.
Во два наврати во последниве неколку месеци, а последно беше вчера, откако Ковачевски дава изјава тој е исправан од министер од ДУИ.






