Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ кој јавно призна дека побарал помош од СДСМ за да ја вработат сопругата во државна компанија со коментар за протестот за правда за осудените за 27 април.
“Гледате ли во масовна пандемија што им прават? Ги влечкаат за бројка оти конкретни луѓе за нив не се важни. Утре ако заболат, тоа не им е важно. Важни им се бројки; на Мицкоски, таа епска несреќа, на бројки му се дига, моралот де.
Дно!”, пишува Јовановиќ на Твитер по што од професорката Јасна Котеска добива одговор дека со вакво однесување таа во иднина нема да може да го брани.
Веднаш потоа следува етикета од Јовановиќ кон професорката која ја обвинува дека со Јовановиќ и другите како него се однесувала како да се малоумни.
Нападот на Јовановиќ кон осудените, за 27 април, нивите деца и семејства, нивните поддржувачи и сите што се придружија на протестот на следниот линк.
Гледате ли во масовна пандемија што им прават? Ги влечкаат за бројка оти конкретни луѓе за нив не се важни. Утре ако заболат, тоа не им е важно. Важни им се бројки; на Мицкоски, таа епска несреќа, на бројки му се дига, моралот де.
Дно!
— Nenad Jovanovic (@jovanovichn) April 25, 2021






