Мицкоски ги повика Ковачевски и Битиќи на средба за да им го каже планот за ублажување на енергетската криза

Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски. Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Тој додава дека го повикал на дебаата Ковачевски кој одбил да се дискутира на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере.

– Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време. Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање, вели Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека потребно е вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на владата.

– Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на состанок во Недела (2/октомври/2022) во 12 часот во Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот. Бидете поголеми од вашите суети и одважете се кога тоа е потребно за Македонија, пишува Мицкоски.