Во интервју за Слободен Печат премиерот Заев го изложи планот според кој тој би владеел по урнекот на германската канцеларка Ангела Меркел односно и да изгуби би останал во влада на широка коалиција без да биде санкциониран за тоа што го сторил досега.
Заев нуди широка коалиција но под услов ВМРО-ДПМНЕ да не биде предводено од Христијан Мицкоски со кој според премиерот не е можен договор.
Заев не споменува имиња но индиректно ги нуди Митко Јанчев, Никола Тодоров и Ивица Конески како лидери на ВМРО-ДПМНЕ со кои би влегол во долгогодишна владина коалиција по германски или швајцарски модел.
Со ваков вид коалиција Заев се надева дека ќе избегне санкции за своите активности во последните 4 години на власт.
Понудата на Заев доаѓа откако пропадна обидот на таканаречената Мериот коалиција да го смени Мицкоски од челниго место во ВМРО-ДПМНЕ а анкетите покажуваат дека СДСМ ќе доживее тежок пораз на следните избори.
Сам себе се провали
–
Како да владее + 15г во Македонија, налик на Меркел, единствена пречка на @Zoran_Zaev е @MickoskiHM и затоа прави се да го инсталира Никола Тодоров во @VMRO_DPMNE
–
пс Заев бара НЕКАЗНИВОСТ за финансов криминал, антимакедонизмот и антиУстав. промени pic.twitter.com/lk6TSMFv7M— Демир (@Trollowsky) March 6, 2021






