„Зоран Заев ѝ пукаше во чело на правдата“ изјави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој за утре најави протест против против неправдите во државата, зад кои, како што рече на денешната прес-конференција стои – Зоран Заев.
„Повикувам на граѓански протест утре (25 февруари) со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.
Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев.
Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен. Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие.
Но, ова е и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и судството, рече Мицкоски.
„Оваа држава која почива на правдата (…) мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
Мицкоски, за вчерашно објавување на „аудио-бомбата“ од поранешниот МНР Антонио Милошоски, рече дека „ бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното.
Тоа е приказ како мафијата има своја држава и правдата престанува да дише. Зоран Заев и пукаше во чело на правдата“.





