Мицкоски до Заев: Се срамиш ли од македонската химна?

„Денес за прв пат од самостојноста на Македонија дојде висока делегација, премиер на држава и никаде ја немаше построено македонската гарда и никаде не слушнавме интонирање на македонската химна. Кое е образложението… дека авионот доцнеше, немаше време за химната. Замислете, еден од трите атрибути кои ја прават Македонија независна, немало време за химната“ рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Струга.



Мицкоски го обвини премиерот Заев дека се срами од химната.

„ Не е Заев тоа изговорот, вистината е друга, а тоа е она што ти го потпиша.

Ти си единствениот човек кој зема плата од овој народ и се срами од тој народ, се срами од трите симболи кои го одбележуваат народот и државата.

Се срамиш со твојот нов пријател да слушнеш дека денес над Македонија се раѓа. “, рече Мицкоски.