СДСМ живее во паралелен свет каде што единствено нешто што ги интересира е Никола Груевски, а не реалноста во која што пливаат во лаги, невистини и очај, рече синоќа во дебатата на МТВ со Зоран Заев лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



 Во недостиг на аргументи Зоран Заев го користи неоснованиот напад дека ВМРО-ДПМНЕ е сеуште  под капата на Никола Груевски, односно дека Христијан Мицкоски е продолжена рака на Груевски.

 “Господине Заев, не може да одите кон иднината, а да не го вадите од уста Никола Груевски. Секогаш кога сте во недостиг на аргументи, го спомнувате Никола Груевски, иако самите дозволивте да си замине од земјата”, вели Мицкоски.