Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со посебна порака до пратеникот Иван Јорданов кој е кандидат за градоначалник на Штип.
На почетокот на промоцијата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Мицкоски со порака која важи и за Јорданов но и за сите други кандидати за градоначалници на опозицијата кога ќе дојдат на власт.
“Не заборавај, никогаш немој да заборавиш, ти му служиш на народот, а не тој тебе, и не си Господ. Далеку од тоа. Треба да бидеш слуга на народот, на својот град, на својата земја. И никогаш да не разочараш”, рече Мицкоски.
Не заборавај, никогаш немој да заборавиш, ти му служиш на народот, а не тој тебе, и не си Господ. Далеку од тоа. Треба да бидеш слуга на народот, на својот град, на својата земја. И никогаш да не разочараш. pic.twitter.com/rXVP9ZEvfm
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) August 23, 2021






