На обраќањето по повод 33 години од партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека „има луѓе со кои се сретнал, разни дипломати, претставници на странски земји кои велат зошто не попуштите пред барањата на Бугарија“.



„Дојдете да видите кои се нашите борби и кои се нашите страдања. Да ја разберете нашата историја и да го чуете народот што мисли и како лелека.

Има и такви кои велат дека ниту една земја не се изгубила на патот кон интеграцијата.

Дојдете господа во Македонија! Дојдете да видите дека ниту една друга држава не го отстапила својот идентитет, јазик и име како што тоа го направи оваа држава.

Има и неколкумина од Европа кои велат интеграцијата е најважното прашање, рече Мицкоски и додаде:

„Се согласувам дека е важно, но дојдете во Македонија да видите дека половина милион живеат во сиромаштија, повеќе од 30 илјади живеат во екстремна сиромаштија, со инфлација каква што нема никаде во Европа, заглавени во чекалницата пред истата таа Европа.

Ова е реалниот живот“, заклучи Мицкоски.