Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со невообичаена директна порака до екс деканот на Правниот факултет во Скопје Борче Давитковски кој изјави дека потписите што ги собира опозицијата против пописот се на Мицкоски и не важат.
“Не колега, ако можам така да те наречам.
Не собира Мицкоски потписи, народот се крена!
Ова се потписите на народот против таквите слуги на сите власти како тебе.
Ви доаѓа крајот па се вознемирувате.
Ајде член на твоето семејство ќе остане уште малку да цица од нашите крваво заработени денари.
Народот ќе продолжи да се бори и да собира потписи за да може да се ослободи од амебите во општеството. Ве разбирам, но не можам да ве оправдам”, напиша Мицкоски за професорот кој досега учествувал во креирање на низа закони и учествувал во многу државни комисии и тела каде се подготвувало македонското законодавство.






