Мицкоски до Пендаровски: Бекнете нешто, ја снемува државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со остра реторика до претседателот на државата Стево Пендаровски кого го критикува затоа што молчи за аномалиите во државата кои ги прави власта.



Мицкоски го пофали што го потпишал указот за 5 пакет помош за граѓаните но бара Пендаровски да не биде под контрола на Заев туку да реагира според своите наоѓања.

“Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша сѐ што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен.

Претседателе Пендаровски, погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење, не бекање за националните теми меѓу кои и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовте Македонија во подредена положба заедно со стопанот.

Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија, можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен, денес не партијата на власт, туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија. Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да… одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!

П.С. Добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!”, напиша Мицкоски користејќи ги хаштазите
#ИднинатаЕНаша и
#МакедонскаПролет