Мицкоски до Левица со предлог за пораз на СДСМ и ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку ТВ Сител вечерва понуди опција до партијата Левица која може да ја урне власта на СДСМ и ДУИ.



Мицкоски предлага партиите од опозицијата да гласаат за своите советници но заедно да гласаат за градоначалниците на опозицијата во вториот круг.

“Нашата цел е да ја поразиме неспособната власт на СДСМ и ДУИ, и ако ја делиме истата цел, ги повикувам раководството на Левица да ни се придружат, секој посебно во изборот на советници, но сите заедно да ги поддржиме опозициските градоначалници, и да ги поразиме СДСМ/ДУИ”, изјави Мицкоски за Сител.