Мицкоски: До кога манипулатори ќе ни ја навредуваат интелигенцијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагира на изјавата на вицепремиерката Шеќеринска дека вакцини немало за да не рече некој дека македонските граѓани биле заморчиња.



“Несериозни луѓе одлучуваат за сериозни работи. До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? Додека тие го тестираат заедничкото трпение, 2800 луѓе починаа од корона”, пипува Мицкоски за неверојатната изјава на Шеќеринска.

Според Шекеринска, досега не набавиле вакцини за да не негодува народот дека врз него ќе се тестираат?!