Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на премиерот Зоран Заев и на министерот за здравство, Венко Филипче им порача да излезат „надвор од стаклената кутија што самите ја создаваат  и да го чујат плачот на народот.



Баталете ги дневно политичките мешетарења, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, вели претседателот на опозициската партија.

„Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми.

Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно.

Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат.“, порача Мицкоски на Фејсбук.