„Се согласивме процедурата која што беше почната за формирање на ДИК со измени на Изборниот законик за менување на бројот на пратеници кои ќе гласаат, односно наместо двотретинско да биде со вкупниот број на пратеници, да се повлеч и да се врати старото решение“, изјави лидерот Христијан Мицкоски зановинарите кои ја следат денешната лидерка средба.
Претходно и премиерот Зоран Заев за новинарите изјави дека е постигнат договор за ДИК, но не прецизираше дека процедурата се враќа на почеток.
Во меѓувреме, во Собранието денеска беше одложена точката за Избортниот законик во очекување на резултатите од лидерската средба,објасни спикерот Талат Џафери.
Инаку, Мицкоски за новинарите им рече дека останува да се разговара за референдумот за кој владата бара поддршка од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.





