Одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на албанските партии за со уставните измени албанскиот јазик да стане рамноправен со македонскиот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека подготвен да разговара за тоа.



Алијанса: Албанскиот да биде рамноправен со македонскиот јазик

„Aко мислите за таа норма од 20%, многу пати во минатото сум кажал, подготвен сум да седнам да разговарам со секого.

Но, тоа е оној нов договор за Македонија за кој што треба да разговараме и за нормата „Бадентер”, за нормата „Балансер” и да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка или некаква си квота или некаков процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкурентни, имаат знаење итн”, рече Мицкоски.

Тој исто така истакна дека политичарите Албанци во Македонија треба да престанат да ги потценуваат и да ги третираат граѓаните Албанци како процент и да почнат да ги третираат како рамноправни граѓани.
„…па ке седнеме ќе договориме конечно нормите „Бадентер” и „Балансер” да бидат избришани и заедно со тоа и сите работи за кои што барања се на маса и да разговараме за тој еден нов договор за Македонија”, додаде Мицкоски.