Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на конвенцијата за избор на кандидат за претеседател што се одржува во Струга денеска го изложи неговиот став за профилот на кандидат за претседател кој што денеска ќе го бира најголемата македонска партија.
„Претседател на сите граѓани, да го почитува уставот и законите, бестрашен, да ги почитува традииците, да има респект за комитите, за илинденците за партизаните, за асномците и оние кои го исклесаа референдумот за независност“, порача Мицкоски во своето обраќање во Струга.
Според Мицкоски ни треба личност која ќе ја почитува волјата на народот кога тој е запоставуван како што се случи на референдумот за името,
кој ќе даде импулс и динамика на патот кон ЕУ кон која се стреми ВМРО-ДПМНЕ и кој ќе го почитува системот на стандарди.
„Претседател на сите кој ќе допре до сите и секогаш кога граѓаните се обесправени секој граѓанин ќе рече јас имам свој претседател на Македонија. Да избреме личност која никогаш порано на ја разочарала својата земја, која ќе биде компромисен во политика но безкомпромисен заштитник на интересите на Македонија“, порача во своето обраќање пред партиската конвенција на ВМРО -ДПМНЕ лидерот на партијата Христијан Мицкоски





