„Дали Зоран Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио водејќи се исклучително од личните и партиските интереси и манифестираа огромно незнаење или е нешто друго во прашање? … А се започна на 26 декември 2019 година кога тогашниот сеуште премиер во занес, во парламентот ќе изјави дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување“, пишува на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели дека „се до 21 март оваа година, сите овие заедно со Зоран Заев ќе не убедуваат дека буџетот е ликвиден и дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување и покрај тоа што нема раст на БДП од 5% или на пример просек плата од 500 евра, странски и домашни инвестиции, загарантиран откуп за земјоделците, 500км автопатишта итн…
Но , реалноста е поинаква“ анализира во фејсбук статусот Мицкоски.






