Мицкоски бара оставка од Заев

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од премиерот Зоран Заев по скандалот со објавените лажни телефонски разговори.



„Се освен оставка од премиерот Заев е неприфатливо по дипломатскиот скандал со двајцата руски комичари“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вели дека во оваа држава конечно некој мора да сноси одговорност и повика да се формира техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори.