Првиот човек на опозицијата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доцна синоќа на прес – конференција изјави дека ако францускиот предлог е добар како што тврди Владата треба веднаш да биде објавен на владината веб страница.
Мицкоски обвинува дека Македонија преговара под бугарски диктат. Проценува дека во новиот предлог се сменети само два збора.
„Лага од Владата е дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале“, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека ако претходно имавме нокаут на македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство.
Мицкоски вели дека не треба да се лажеме, ова е дебакл.
Прашува дали треба да им веруваме на луѓе кои досега многу пати излажале. Според него предлогот кој пристигнал вчерс е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.
Целата емотивна прес конференција на ова видео





