Спикерот на парламентот, Талат Џафери, денеска го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ, на партискиот лидер, Христијан Мицкоски да му се дозволи да се обрати во парламентот.
Деловникот за работа на Собранието не е е предвидено обраќање на партиски лидер, рече Џафери..
Тој, исто така, забележа дека барањето од опозициската партија било испратено до личноста Талат Џафери, а требало да биде адресирано до претседателот на парламантот како институција.
„Нема можност според Деловникот да го поканам Мицкоски и нема да се повикуваме на претходните практики”, рече Џафери, реплицирајќи му на пратеникот Драган Данев според кој, во 90-те нза време на тогашните студентски протести на студентскиот лидер Филип Петровски, му било дозволено да се обрати во парламентот.





