Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара лекарите, сестрите и другиот здравствен персонал да не плаќа за тестовите за откривање на Ковид19.
“Во време на #Covid пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат.
Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна”, побара Мицкоски од Филипче.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелира да се заштитат здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да се заштитат и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга.






