Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски апелира до граѓаните да внимаваат во битката со коронавирусот затоа што понекогаш нема кој друг да им помогне.
“Ве молам, останете дома ако немате потреба да излегувате. Бидете на сигурно, со вашите блиски. Носете маска и заштитете се. Ако Владата не е способна да ви помогне, помогнете си сами”, порачува Мицкоски откако бројките на заболени и починати отидоа на рекордно ниво и нема подобрување во ниту еден параметар.
Почитувани сограѓани,
Ве молам, останете дома ако немате потреба да излегувате. Бидете на сигурно, со вашите блиски. Носете маска и заштитете се. Ако Владата не е способна да ви помогне, помогнете си сами.https://t.co/2wkgYqRBKe
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) November 13, 2020





