Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека го охрабрува Али Ахмети да се вклучи во претседателска трка за што, како што рече, слушнал нешто во текот на вчерашниот ден.
Мицкоски го советува лидерот на ДУИ да не се крие позади нарачани текстови кои се плаќаат со народни пари од кабинетот на неговиот најблизок соработник, туку, ако веќе има такви амбиции, да излезе и јавно да ги соопшти.
„Ми пречи тоа што, можеби би го советувал, еве доколку ми значи нешто мојот совет, да не го објавуваат портали кои што ги плаќа кабинетот на неговиот најблизок соработник.
Ценам дека треба да излезе, да се охрабри и самиот да ја најави кандидатурата, нема потреба да се крие позади такви спинови.
Така што, ако тој цени дека ќе постигне резултат кој што ќе биде значаен, тогаш зошто да се крие позади такви нарачани текстови на портали кои што ги финансира неговиот соработник од народни пари“, рече Мицкоски.
Мојата порака и мојот совет, додаде Мицкоски, би бил дека ова е одлична можност за незаслужена политичка пензија“ рече Мицкоски.





