Вонредни парламентарни избори, се „единствено решение за излез од тешката ситуација, корупцијата и политичката нестабилност“ во земјава вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ситуацијата во државата е неподнослива, но и во партиите на власт, особено во СДСМ, ДУИ и Алтернатива“ вели Мискоски според кој нереално е да се чекаат избори во 2024 година, прво претседателски, а потоа и парламентарни..
„Во таков случај претседателските избори ќе бидат неуспешни и таа функција ќе ја врши претседателот на Собранието, додека ДУИ, покрај функцијата претседател, ќе има и технички премиер според договорот со СДСМ, што значи монопол на политичката партија“, изјави Мицкоски.
Тој на последната прес-конференција за новинарите за 2022 година рече дека приоритет на неговата партија е изборите да се одржат во мај следната година, на 14 или 21.






