Мицкоски: Ако не се состави Влада, одиме на предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес – конференција порача дека она што вчера се случи е заедничка борба за народот во Македонија и дека силата е кај народот, алудирајќи на обезбеденото парламентарно мнозинство.



Мицкоски смета дека новото парламентарно мнозинство значи дека паѓа Владата на СДСМ и Зоран Заев.

Според него, тоа ќе значи дека во наредниот период ќе се обиде да формира нова Влада.

-Тоа ќе се случи само ако сум сигурен дека ќе биде Влада на сериозен кредибилитет и силни институции кои ќе гарантираат стабилност. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на Владата, борба против корупцијата и криминалот, тогаш, тоа што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот да одлучи за новата иднина, рече Мицкоски.

Вели дека сака Влада која ќе има полн капацитет и ќе спроведе реформи. Ако тоа не се случи, тогаш брзи избори се неминовни.