Христијан Мицкоски синоќа на обраќање во Кичево кажа дека доколку еден пратеник ја изневери неговата довербата и гласа за уставните измени, тогаш тој засекогаш ќе замине од политиката.
„Пред нецела година јас кажав дека доколку само еден (пратеник) ја изневери мојата доверба, вашата доверба, довербата на граѓаните, јас заминувам од политиката.
Денеска ќе го слушнете Ковачевски и Владата кои велат дека јас се борам за мојата фотелја во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев единствениот кој кажа дека доколку еден ја изневери мојата доверба, јас заминувам. И сега кој се бори за фотелјата?“, рече Мицкоски.
Тој потсети на периодот кога тогашната власт бараше гласови за менување на името на Република Македонија и рече, најдоа гласови во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Трчаа по ВМРО-ДПМНЕ и најдоа осум гласови.Тоа беше голем срам за партијата, нагласи тој.
„И не беа само осумина пратеници, беа повеќе, имаше неколкумина кои беа на ‘резервната клупа’. Да, тоа е вистината. Додека не ја погледнеме вистината во очи, нема да бидеме подобри.
Така беше. И затоа ви повторувам, ако еден пратеник ја изневери мојата доверба, јас заминувам од политиката“, рече Мицкоски.







