„Јас не видов зголемување на мнозинството од почетокот на годината. Парламентот не може да собере 61 пратеник за утврдување на дневен ред и почнување на одредена седница“, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Наше мислење е дека во моментов немаат 61 пратеник и дека Собранието не работи, односно активна блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ моментално е ставена во мирување. Сами себе се се блокираат затоа што немаат 61 во Собранието, рече Мицевски.
За коментарите дека се потребни 6 до 8пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да се постигне бројката од 80 пратеници за уставни измени, Мицевски вели:
Кај нас викаат „Прво средете си го сопствениот двор, па после гледајте во туѓите дворови“.
Мицески рече дека Предлог-законот за амнестија на лицата осудени во настаните од 27 април на кој се потпишани 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дава доволен одговор на сите калкулации и на сите спинови.






