Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека „бугарски загрижености“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ, пренесе МИА.



Вархеји загрижен за бугарските грижи

„Целосно нема логика… Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе, наведува Фуере.

Според него, поради ваквата објава Вархеји треба да поднесе оставка или да биде принуден да поднесе оставка.