Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“, објави МИА.
„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во одговор на новинарско прашање.
Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо. -Го формиравме тимот. Точно.
Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област.
„Тој предмет највеќе од сите ни тежи, така што сите сили се вложени за да биде што побрзо“, изјави Ивановска како што пренесе МИА.






