Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер допатува во Тирана, со цел да помогне во изнаоѓањето решение за излез од политичката криза во земјата.
Палмер денеска требаше да се сретне со апремиерот Еди Рама, а за утре планирани се средби со претседателот, Илир Мета, и со лидерите на опозициските Демократска партија и Социјалистичко движење за интеграција, Љуљзим Баша и Моника Круемади.
Обединетата опозиција за 13 април се подготвува да го одржи досега најмасовниот национален протест.





