Албанскиот претседател Илир Мета на денешната посета на Струга изјави дека Албанците и Македонците заеднички треба да го решат прашањето за името со Грција и иизрази надеж дека решение ќе се најде пред самитот на НАТО во јули во Брисел.
„Името е прашање за кое Македонците и Албанците заедно треба да се согласат. Се надевам дека ќе има решение за сите и што ќе ги почитува и Македонците и Албанците и другите“, рекол албанскиот претседател кој денеска беше гостин на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Како што пренесува „Алсат м“ за Законот за употребата на јазиците Мета рече дека тој требаало да биде донесен порано и изрази надеж дека и тоа ќе се надмине.
„Во секој случај мислам дека ова е многу добар закон што ќе се имплементира за многу брз период бидејќи волјата на оваа гарнитура е голема и решителна е да го имплементира за да се оди напред за подобар соживот”, рекол албанскиот претседател.




