Албанскиот претседател Илир Мета повика да се стори сè за да не се раздвојат Албанија и Македонија од пакетот за пристапување кон Европска унија.
„Да вложиме максимални напори за да се избегне раздвојување од напредокот на соседна Северна Македонија. Отворањето пристапни преговори е историска обврска за сите што се стремат. #Албанија како #Европа“, порача Мета на Твитер.
Реакцијата на шефот на албанската држава доаѓа по денешниот различен однос на пратениците во Парламентот на Холандија кон резолуциите за членството во ЕУ на двете кандидатки од Западен Балкан, пред сè експлицитното „не“ за Албанија.





