Албанскиот претседател Илир Мета го одложи одржувањето на локалните избори на 30 јуни, поради, длабоката политичка криза во земјат.
„Имајќи ја предвид итната потреба да се смиpи ситуацијата и pизикот од непредвидлива есkалација на kонфликтот во земјата преземам висока уставна и институционална одговорност… го поништyвам указот со кој локалните избори требаше да се одржат на 30 јуни“, стои меѓу другото во соопштението.
Ескпсресно, од изборен митинг во Берат, му одговори премиерот Еди Рама, кој му порача дека избори на 30 јуни ќе има.
„Не е во ред да се одложат изборите, тоа не е ништо друго туку план за преземање на владата и погpeбување на правдата и државата, но јас очекував ваква одлука на Мета. Ние ќе ги одржиме изборите, бидејќи тоа е избор и право на народот“, изјави Рама.
Денешниот протест е осми по ред откако опозицијата го напушти парламентот во февруари. Опозицијата го обвинува премиерот Рама за купување гласови и поддршка од криминални групи за време на општите избори во 2017 година.
Албанската опозиција бара оставка на Рама, привремена влада и предвремени општи избори.
Протестот се одржувба под слоганот „Рама оди си“!.
Најновиот протест доаѓа три дена откако германскиот весник Билд објави прислушувани разговори кои наводно, докажува поврзаност меѓу високи претставници на Социјалистичката партија нарко бос.




