Албанскиот претседател Илир Мета порача дека Албанците во Македонија, во изминатите две децении, освен што биле посветени само на стабилноста на земјата, биле и гарант за нејзината евроатлантска интеграција.
„На 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, ценејќи го значајниот напредок досега постигнат во неговото почитување, ја охрабрувам неопходноста од целосна имплементација и интегрално заживување, како одлична можност за понатамошна консолидација на мирот и меѓуетничката хармонија, за зајакнување на односите, како и зближување едни со други и Европската унија“, напиша Мета на Фејсбук.







