Владата денеска не можела да одлучи дали екс директорот на Електростопанство на Македонија да добие владина поддршка за амбасадорка позиција во главниот град на Франција.
Васко Ковачевски кој последниве години потроши стотици милиони евра владини пати за да обезбеди струја и суровини за РЕК Битола денеска не поминал како владин кандидат за амбасадор во Париз.
Предходно во Париз требаше да оди екс шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски кој испадна од игра по аферата со рускиот шпион Онишченко кој доби макеоднски пасош од владата.
Ковачевски според владини извори не минал од две причини.
За него не се знае дали ќе заврши в затвор за истрага со рекет во РЕК Битола која веќе ја врши Јавното обвинителство за организиран криминал.
Втората причина е опасноста официјална Франција, земјата која ја измислила модерната дипломатија да не даде агреман за Ковачевски кој нема никакво дипломатски искуство.
Одлуката за владата за номинација на нов македонски амбасадор во Париз засега е одложена. Во конкуренција покрај Ковачевски е и Пајо Авировиќ, кариерен дипломат од МНР, и Васко Ковачевски.
Поранешен пратеник и доскорешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски кој пред неколку дена поднесе оставка во координација со премиерот има проблем и со претседателот Пендаровски кој откако го стори тоа повеќе пати сега одбивал да испраќа партиски кадри со корупциски скандали во важни дипломатски центри.
Доколку Ковачевски биде избран од владата (и не добие агреман да замине во Париз) тоа ќе биде втора дипломатска навреда сторена од властите во Скопје за официјален Париз.






