Мешовитата историска комисија заседава во Софија

Денес и утре, Софија ќе биде домаќин на 22. состанок на мешовитата бугарско-македонска историска комисија.



Работата на комисијата во последните 3 години доцни по вина на македонска страна која го одложи одлучувањето за важни историски настани и личности од заедничката историја, кои треба да не обединат, јави БГНЕС.

Наместо тоа -според БГНЕС – Скопје предложи „пристап од повеќе перспективи“ што „не кореспондира со историската вистина и има за цел да ги засили фалсификациите и антибугарската ориентација на учебниците по историја во Република Македонија, со кои младите во оваа земја се воспитуваат во омраза и омраза кон Бугарија“.

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември во Софија.
Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Македонија. По долги дебати не беше постигнат договор за забелешките од бугарската страна.