Однесувањето на Бугарија кон Македонија може да го уништи тоа што остана од концептот за проширување на Европската Унија, заклучува новинарот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг Мертенс кој е еден од авторите на анализата со наслов “Една измислена нација” објавена во весникот денеска. (линк подолу)
“Доколку единството на историските наративи беше предуслов за приклучување ЕУ ќе имаше точно 0 (нула) членки денеска. Конфликт за” историски вистини” насилно наметнати врз Македонија од Бугарија може да изледа комичен но тој може да го загрози (тоа што е останато од него) на целиот концепт на проширувањето на ЕУ”, смета Мертенс кој долго време го следи Балканот и важи за еден од најдобрите познавачи на Југоисточна Европа.
Текстот на ФАЦ
„Измислена нација?“ – наслов во FAZ за спорот меѓу Македонија и Бугарија





