„Каков градоначаник сум јас, со фиќо ќе одам? Не вреди градоначалник со скинати алишта и слаба кола. Море требаше да земам уште поубаво возило. – изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во синоќешноо гостување во 24 анализа.
На прашање зошто не ги користел трите „шкодите“ што ги набавила општината, а кои чинеле дваесетина илјади евра, Мерко рече дека „шкодата“ не е возило за него. Иако општината е во долгови, тој истакна дека е срамота градоначаник да се вози со „шкода“ зошто има помала брзина.
„Да ви кажам право мислевме да земеме Ауди 8, ама рековме ајде да не претеруваме“ – изјави Мерко.





