Четиричлена комисија од јавни обвинители денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, по што комисијата ќе изготви извештај, соопштија од Јавното обвинителство.
Досега, јавноста беше информирана дека во Обвинителството има шест активни предмети против струшкиот градоначалник. Оттаму посочија дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките, па оттука, најавија и одговорност за сите обвинители кои евентуално постапувале противзаконито.
Истовремено, кога Обвинителството соошти дека ќе ги тресе затворените предмети за струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко по една недела откако заврши на американската црна листа и се криеше од медиумите, напиша Фејсбук статус. Им стоел на располагање на истражните органи а не сакал да комуницира во интерес на процесите.






