Мерко на „црна листа“ – шамар за СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

САД нотираат дека во Македонија нема независно и професионално судство, туку политичко влијание од страна на високи функционери дел од криминалната коалиција СДС и ДУИ, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ и потсетува дека „човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови



ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери.

Ова е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат.

Потребна е одговорност, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.