За градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не е логично „…да колеме јагниња, да колeме телиња, да колeме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувaмe кучињата“,Охрид1.мк.



Тој смета дека сопствениците на кучиња треба да си грижат за своите кучиња дома, а се’ друго не може да се чува.

„ И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично?

Луѓе се убиваат па некој не сноси одговорност, кучиња се убиваат па треба градоначалниците да сносат одговорност.

Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видувања но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака.

Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо“, рече Мерко на седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.