Без разлика на во моментов заробените обвинителски институции струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не треба да се надева на мирни пензионерски денови затоа дел од кривичните дела за кои се гони не застаруваат, смета екс обвинителот од Охрид Војо Димоски.
Димоски анализира дека делата за незаконско влијание сторени пред долг период носат високи затворски казни што на правосудството му дава можност по ослободување на правосудните институции од контролата на ДУИ Мерко да се соочи со правдата.
Адвокатот поставува две прашања до јавноста и институциите кои се повеќе од важни за случајот Мерко:
1. Дали во врска со коруптивните зафати на Мерко биле оформени предмети пред ЈО, а по пријава на оштетени?
2. Дали таквите предмети биле опструирани од раководни структури во Државното и во Вишото обвинителство, а во корист на пријавениот Мерко?
Димоски со жалење констатира дека во моментов се заробени сите институции кои се должни да дадат одговор на прашањава (Јавно обвинителство на Република Македонија
и Основното Јавно обвинителство за Гонење на Организиран криминал и корупција) но според него добрата вест е дека делата на незаконито влијание се далеку од застарување, па ништо од мирни пензионерски денови за Мерко.





