Меркел за нацистичката инвазија врз СССР во 1941-ва: За нас, тоа е причина за срам

Во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од нацистичката инвазија на СССР следната недела, германската канцеларка Ангела Меркел коментираше дека тоа е „причина за срам“, објави Дојче веле.



Говорејќи пред прославата во вторникот 22 јуни, Меркел потсети дека милиони луѓе ги загубија своите животи – особено во Русија, Украина, Белорусија, балтичките држави и другите поранешни советски републики – кога трупите на Адолф Хитлер го нападнаа Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година.

„За нас Германците, овој ден е причина за срам“, рече Меркел.

„Ова им го должиме на милиони жртви и нивните потомци.(News.bg)