Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне ќе допатува во Белград, каде ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре, освен со албанскиот премиер, ќе се сретне и со премиерите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.
На средбите се очекува да стане збор за иницијативата „Отворен Балкан“, за дијалогот Белград-Приштина, ситуацијата во БиХ…
Ќе стане збор и за Берлинскиот процес, политичко-дипломатска иницијатива, која започна во август 2014 година по иницијатива на Меркел.







