Меркел во Париз на проштална средба со Макрон

Претседателот Емануел Макрон синоќа ја пречека Ангела Меркел во Елисејската палата, а тоа беше една од последните можности за двајцата лидери да работат заедно, неколку дена пред изборите во Германија, на 26 септември, на кои ќе се избере наследникот на канцеларката, јави дописникот на МИА.



„Додека не се формира следната (германска) влада, Ангела Меркел и јас ќе продолжиме да работиме рака под рака за главните прашања за кои се обидуваме да обезбедиме француско-германски решенија, како што правевме од првиот ден, изјави Макрон.

Франција во првата половина од идната година ќе претседава со Европската унија, период што ќе се совпадне со кампањата за претседателските избори во Франција на 10 и 24 април.

Но, дали Емануел Макрон ќе има нов соговорник во Берлин на 1 јануари, доколку преговорите за формирање нова германска влада се одолговлечат?

„Ќе направиме се што е во наша моќ за да избегнеме предолг период на доцнење, уверуваше Меркел“, која на власт беше речиси 16 години.

Емануел Макрон во изминатите денови во Елисејската палата ги прими двата фаворити за наследник на Ангела Меркел во Берлин, социјалдемократот (СПД, левоцентристичкиот) Олаф Шолц и Демохристијанскиот (ЦДУ, десно-центар) Армин Лашет.