Германија се уште е на почетокот на пандемијата на вирусот Ковид-19 и ќе мора со него да се живее уште некое време, изјавила денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
„Не сме во завршна фаза на пандемија, туку на почетокот. Добивме време и ќе го искористиме за зајакнување на германскиот здравствен систем “, рече Меркел во долниот дом на Бундестагот, пренесува Ројтерс.
Таа исто така рече дека Светската здравствена организација е неопходен партнер за Германија и дека ќе ја поддржи работата на организацијата.
„Пандемијата може да се победи само на глобално ниво“, заклучи Меркел.




