Шансите за постигнување едногласна согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот.
„Ние имаме одговорност кон овие држави, рече Меркел: „Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива.”
Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите , кои сеуште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри, призна Меркел како што пренесува Дојче веле.




